Вести Економија Македонија Топ вести

Нема да има проблеми со набавката на нафта и деривати по санкциите на САД кон руските нафтени компании

Нема да има проблеми со набавката на нафта и деривати по санкциите кои ги воведоа САД кон руски нафтени компании, убедуваат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Сепак, можни се промени во малопродажните цени кои зависат од курсот на доларот и берзанските цени врз кои ќе влијаат санкциите, велат од РКЕ.

„Санкциите кои САД ги воведе кон руските нафтени компании не се очекува да предизвикаат негативен ефект во однос на снабдувањето со нафтени деривати кај нас, затоа што скоро 86% од нафтата која е достапна во земјава е од увоз од Грција. Но, овие санкции влијаат врз берзанските цени кои, заедно со курсот на доларот, се земаат во предвид при формирање на малопродажната цената на нафтените деривати“, велат од РКЕ.

Според годишниот извештај на РКЕ за 2024 година, трговците на големо со нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, го вршеле увозот на нафтените деривати во земјава од 11 држави. Најголем бил увозот од соседните земји и тоа од Грција – 85,98%, потоа од Бугарија – 10,49%, од Албанија – 2,27%, од Србија – 0,96%, од Црна Гора – 0,15%, од Романија – 0,09% и мал процент на увоз од други земји.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека воведува санкции против руските нафтени компании „Лукоил“ и „Роснефт“. Причина за ова е одбивањето на рускиот претседател Владимир Путин да ги запре нападите врз Украина. За Путин, одлуката за нови санкции би предивикала економски проблеми и ја нарече „непријателски чин што не придонесува за зајакнување на руско-американските односи“.

Во меѓувреме и четири кинески државни компании меѓу кои и „Синопек“ откажаа неколку купувања на сурова нафта кои се одвиваат по морски пат. Но, од Министерството за надворешни работи на Кина за неколку светски медиуми рекоа дека „Кина постојано се спротивставува на едностраните санкции кои немаат основа во меѓународното право“. Сепак се очекува САД и Кина на состанокот во Јужна Кореја следната недела да постигнат напредок кон поширок трговски договор по период на затегнати односи.

Билјана Николовска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе