Вести Македонија Топ вести

Ниту една фирма не сака да го чисти Велешкото езеро, кое е полно со мртви алги и нечистотии

Пред една недела за врши јавниот повик ЈП Лисиче – Велес за чистење на езерото „Младост“, но ниту една фирма не се пријавила за да го исчисти ова вештачкото езеро од органските наслаги и исушената вегетација.

За ова механичко отстранување на мртвите алги, трска и исушени дрвја има и одобрение од Министерството за животна средина.

Телма репортажа: Изумира Велешкото езеро – се гуши во алги измешани со фекалии, а брегот смрди на сулфур

А претходно препорака даде и Хидробиолошкиот завод од Охрид, од каде велат дека целосна ревитализација на езерото потребно е да се изврши и дотур на свежа вода преку бушотини кај Отовичка Река и замена на вентилот на браната. За овие неопходни мерки за спас на велешкото езеро Владата издвојува 10 милиони денари.

Телма веќе во неколку наврати информираше за загрижувачката состојба на езерото Младост, каде водата е со непријатен мирис што потсетува на фекалии, а визуелната слика е алармантна.

Алармантна состојбата на велешкото езеро Младост

Имајќи ги предвид резултатите од извршените анализи во последните две години, од општинската комисијата за следење на состојбите на водите на езерото тврдат дека постои основа за загриженост.

  • Бидејќи нема довод на свежа вода во акумулацијата, а Отовичка река само во зимските месеци има многу слаб проток. Во колекторскиот систем околу акумулацијата постоеле неприклучени семејни индивидуални објекти за домување, кои изминативе месеци технички се приклучуваат и нивниот број се намалува, вели Антоанета Стојанова, претседател на комисијата за следење на состојбите на водите во акумулацијата на езерото Младост, формирана од советот на општина Велес (29.07.2025).

Според неа темелниот испуст од акумулацијата Младост е нефункционален и нема истек на вода од акумулацијата.

Кој ја мати водата во Велешкото Езеро – алгите или фекалиите?

Б.С

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе