Пред една недела за врши јавниот повик ЈП Лисиче – Велес за чистење на езерото „Младост“, но ниту една фирма не се пријавила за да го исчисти ова вештачкото езеро од органските наслаги и исушената вегетација.
За ова механичко отстранување на мртвите алги, трска и исушени дрвја има и одобрение од Министерството за животна средина.
А претходно препорака даде и Хидробиолошкиот завод од Охрид, од каде велат дека целосна ревитализација на езерото потребно е да се изврши и дотур на свежа вода преку бушотини кај Отовичка Река и замена на вентилот на браната. За овие неопходни мерки за спас на велешкото езеро Владата издвојува 10 милиони денари.
Телма веќе во неколку наврати информираше за загрижувачката состојба на езерото Младост, каде водата е со непријатен мирис што потсетува на фекалии, а визуелната слика е алармантна.
Имајќи ги предвид резултатите од извршените анализи во последните две години, од општинската комисијата за следење на состојбите на водите на езерото тврдат дека постои основа за загриженост.
- Бидејќи нема довод на свежа вода во акумулацијата, а Отовичка река само во зимските месеци има многу слаб проток. Во колекторскиот систем околу акумулацијата постоеле неприклучени семејни индивидуални објекти за домување, кои изминативе месеци технички се приклучуваат и нивниот број се намалува, вели Антоанета Стојанова, претседател на комисијата за следење на состојбите на водите во акумулацијата на езерото Младост, формирана од советот на општина Велес (29.07.2025).
Според неа темелниот испуст од акумулацијата Младост е нефункционален и нема истек на вода од акумулацијата.
Кој ја мати водата во Велешкото Езеро – алгите или фекалиите?
Б.С
