Еден од учесниците на изборите реагира дека на избирачките места во општина Центар е констатирано дека избирачкиот материјал на листата со кандидати за градоначалници и советници за Општина Центар не е испечатено логото.
Се повикуваат на членови од Изборниот законик, наведувајќи дека врз нивните канидати е направена флагрантна дискриминација, ставање во нерамноправна положба и поништување на еднаквоста на избирачкото право.
Оваа неправилност е контатирана на целата територија на општина Центар и може да претставува основа за поништување на изборите во оваа општина, наведуваат од овој субјект.
Велат дека се обиделе да поднесат приговор во системот на ДИК, кој во моментот додека се обидувале да го поднесат во електронската форма на страницата на ДИК не беше во функција. Поднесен е приговор по електронски пат преку електронска пошта и во архивата на ДИК.
