Уште едно лице им подлегна на повредите во болница, со што билансот на жртви во сообраќајната несреќа кај Сремска Митровица се искачи на три. Двајца патници починаа на лице место, а 35 се хоспитализирани во Општата болница во Сремска Митровица. Еден пациент е згрижен во Клиничкиот центар „Војводина“ во Нови Сад.
Несреќата се случи попладнево, во 14:45 часот. Полицијата го приведе возачот на автобусот кому му е одредено задржување до 48 часа.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, што превезувал работници на компанијата „Хелткер“, се превртел во близина на Сремска Митровица, на пат кон село Јарак, соопшти МВР на Србија.
Две лица загинаа, околу 80 се повредени – се преврте автобус кај Сремска Митровица
