Вести Македонија Топ вести

Контролорите нема да штрајкуваат, но ќе се жалат до Апелација и Судски совет

Контролорите на летање ќе го почитуваат судското решение за времена забрана и нема да го одржат најавениот штрајк во понеделник. Од Синдикатот сметаат дека судската одлука е нелегитимна, дека им се ускратени прават да ги презентираат своите аргументи па затоа подготвуваат жалба и до Апелација но и до Судскиот совет.

Од Синдикатот појаснуваат дека процедурата за штрајк е почната уште во мај 2023 година, дека постигната спогодба која и минатата и сегашното раководство на М-НАВ не ја исполниле. Тие се децидни дека Граѓанскиот суд во образложението на одлуката навел неточни податоци, кои само ги препишал од тужбата поднесена од М-НАВ, дека не почнал процесот на помирување како и дека барањата не се дел од Законот за работни односи.

Синдикатот ги отфрла наводите дека не можело да биде извршена достава и дека вршеле опструкција и најавуваат дека сите документи кои беа подготвени за рочиштето кое беше закажано за утрово па откажано, ќе бидат доставени во жалбата до Апелација на која работат неколку адвокатски тима.

Дел од забелешките на синдикатот се и дека од 18 вработени од новото раководство реално имало потреба само за петмина, дека условите за работа се катастрофални, немаат тоалети, вода и ефективен систем за греење и ладење во контролната кула а за падот на системот во М-НАВ пред извесен период кој раководството го оквалификува како хакерски напад се должи на „квалитетот на сите кадри што ги вработија во компанијата сите овие години“.

Од Граѓанскиот суд за Телма вчера соопштија дека, по разгледувањето на тужбата и доказите поднесени од тужителот М-НАВ, утврдиле дека не биле исцрпени сите законски процедури пред стапување во штрајк како и дека Струковиот синдикат на контролори на летање не може да закаже штрајк во името на независниот синдикат на сообраќај и врски.

Oгнен Чанчаревиќ

Дигитална обработка: Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Здрава котлина“: Одлуката за спојување на концесиите за рудниците е донесена на незаконски начин

Дејан Дејан

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Дејан Дејан

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе