Вести Свет Топ вести

Францускиот премиер Себастијан Лекорну ги преживеа двете гласање за недоверба

Францускиот премиер Себастијан Лекорну ги преживеа двете гласање за недоверба против неговата влада. Вкупно 271 пратеник гласаа за предлогот на крајната левица, паѓајќи под прагот од 289 што ќе ја собореше владата. Француските пратениците потоа гласаа против втората мерка за недоверба предложена од крајната десница, но таа доби поддршка од само 144 пратеници.

Два предлога за недоверба дојдоа од екстремно левичарската партија „Непокорна Франција“, а другата од крајно десничарскиот Национален собир.

Двете партии немаат доволно парламентарци за сами да ја соборат владата на Лекорну, но премиерот би можел да биде отстранет ако социјалистите и другите од левицата се здружат со нив.

Францускиот премиер Себастијан Лекорну вчера објави дека владата ќе поднесе амандман за суспендирање на пензиската реформа, за што ќе се дискутира за време на расправата за предлог-законот за буџетот за социјално осигурување на Франција во ноември.

По што ќе следува гласање од страна на членовите на Националното собрание, јави АП.

Зборувајќи за време на владината сесија, тој рече дека станува збор за суспензија, а не за дефинитивно укинување.

  • „Вистинскиот интерес за суспендирање, можеби единствениот, е да се врати довербата меѓу социјалните партнери“, им рече тој на пратениците. „Оваа суспензија е можност. Или ние ќе ја искористиме и вие ќе одлучите, но ќе мора да преземете целосна одговорност за неа“, додаде тој.

Лекорну објави дека ќе го суспендира многу дебатираниот план за зголемување на возраста за пензионирање од 62 на 64 години, потег насочен кон спречување на соборување на неговата кревка малцинска влада.

По една недела политички превирања, новоименуваниот Лекорну во говор за политиката во Националното собрание изјави дека законот, водечка иницијатива на претседателот Емануел Макрон, ќе биде одложен до следните претседателски избори во 2027 година.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе