Грчката полицијата се судри со медицинскиот персонал во државна болница во Атина за време на протестот поради состојбата на јавните здравствени услуги што се одржа за време на посетата од страна на премиерот Киријакос Мицотакис.
Полицијата пуштила солзавец и користела штитови и палки за да ги растера лекарите во Универзитетската општа болница „Атикон“ кои барале средба со Мицотакис, објавија локалните медиуми.
Здравствените работници протестирале против недостигот на персонал, ниските плати и лошите услови за работа, јави АП.

Мицотакис, придружуван од министерот за здравство Адонис Георгијадис, ја посетил болницата во западна Атина за да присуствува на отворањето на новиот оддел за онкологија и да го посети реновираниот оддел за итни случаи.
Јоргос Сидерис, раководител на Здружението на болнички лекари на Атина и Пиреја, изјави дека 130 пациенти неодамна спиеле на носилки во ходниците поради пренатрупаност и дека итно се потребни дополнителни 125 медицински лица.

- „Нашите барања се повторно да се отворат затворените операциони сали, да се вработи постојан персонал, особено медицински персонал, да се укине срамот на банките, да се зголемат платите“, им рече Сидерис на другите демонстранти.
Новото онколошко одделение на болницата е изградено со средства од добротворна организација и се очекува да се грижи за повеќе од 20.000 пациенти годишно, што е зголемување од 41% во однос на 2019 година, соопшти кабинетот на премиерот.
Зборувајќи за време на инаугурацијата, Мицотакис рече дека редовното финансирање за „Атикон“ се зголемило од 90 милиони евра на 150 милиони евра.
Нивото на персоналот, исто така, се зголемило, рече тој, „не на нивото што би сакале, но ние продолжуваме да инсистираме на овој голем напор за сеопфатно реструктуирање на Националниот здравствен систем“.
Б.С.
