Вести Свет Топ вести

Трамп потврди дека ја овластил ЦИА да спроведува тајни операции во Венецуела

Американскиот претседател Трамп ја овластил ЦИА да спроведува тајни операции во Венецуела, не даде прецизен одговор дали ЦИА има овластување да го отстрани од власт Мадуро. Венецуелскиот претседател, вели- ова потсетува на воената диктатура во Аргентина. Тој апелираше за мир со САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди ека ја овластил ЦИА да спроведува тајни операции во Венецуела, што предизвика остри рекации кај лидерите на јужноамериканската земја.

Американските сили веќе извршија најмалку пет напади врз бродови за кои се сомнева дека пренесуваат дрога на Карибите во последните недели, при што загинаа 27 луѓе. Експертите за човекови права од ОН ги оквалификуваа како „вонсудски егзекуции“.

Зборувајќи во Белата куќа, Трамп рече дека САД „се насочуваат на копно“ и разгледуваат понатамошни напади врз нарко-картелите во регионот. Неговото признание за операцијата на ЦИА доаѓа кратко откако „Њујорк тајмс“ објави дека разузнавачката агенција добила овластување да спроведува тајни акции во Венецуела.

Предходно овој месец, администрацијата на Трамп ги прогласи нарко-картелите за нелегални и ја оправда воената акција како неопходна за да се спречи протокот на дрога во Соединетите Држави.

Но, Трамп пред новинарите не одговори дали ЦИА има овластување да го отстрани Мадуро?

  • О, не сакам да одговорам на такво прашање. Тоа е смешно прашање што ми е поставено. Не е баш смешно прашање, но не би ли било смешно прашање за јас да одговорам? Но, мислам дека Венецуела чувствува топлина, но мислам дека и многу други земји чувствуваат топлина. Нема да дозволиме оваа земја, нашата земја, да биде уништена затоа што другите луѓе сакаат да се спуштат, како што велите, на нивното најлошо. Тие ни го носат своето најлошо – Доналд Трамп, претседател на САД.

Николас Мадуро, чиј легитимитет како претседател на Венецуела е меѓународно оспорен по изборите минатата година, апелираше за мир со САД.

Тој рече дека повиците за промена на режимот во Венецуела потсетуваат на луѓето кои исчезнаа за време на воената диктатура во Аргентина во 1970-тите и 80-тите.

  • „Не“ за војната. Не сакаме војна на Карибите, ниту во Јужна Америка. Не. „Не“ за војната, „да“ за мирот. Кој зборува англиски овде? Дали е ова точно? „Не“ за војната, „да“ за мирот. Луѓе од САД, ве молам, ве молам, ве молам, ве молам. Не за државните удари извршени од ЦИА што нè потсетуваат на 30.000 луѓе исчезнати од ЦИА во државните удари против Аргентина, на државниот удар на Пиноче и 5.000 млади луѓе убиени и исчезнати. Колку долго ќе продолжат државните удари на ЦИА? Латинска Америка не ги сака, не ѝ се потребни и ги отфрла- Николас Мадуро, претседател на Венецуела.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро уште во неделата им нареди на вооружените сили да го забрзаат вклучувањето на домородните народи во државната милиција за одбрана на територијата, во услови на тековните тензии со Соединетите Американски Држави.

Венецуела го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидува да ја собори власта на Мадуро и дека тоа е закана за „мирот, безбедноста и стабилноста на регионално и меѓународно ниво“.

Предходно група Венецуелци во Колумбија бараа ослободување на политичките затвореници во нивната татковина. Демонстрантите држеа фотографии од политички затвореници и палеа свеќи додека скандираа „слобода“. Тие го прославија доделувањето на Нобеловата награда за мир на Марија Корина Мачадо, која долго време е лицето на отпорот кон 26-годишната власт во Венецуела.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе