Вести Македонија Топ вести

Почнува дистрибуцијата на доверливиот материјал за локалните избори

Утрово од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола започна дистрибуцијата на доверливиот изборен материјал до Општинските изборни комисии за локалните избори закажани за 19 октомври. Материјалот, кој вклучува гласачки ливчиња и Избирачки списоци, понатаму ќе се дистрибуира до Избирачките одбори, а целиот процес ќе биде обезбедуван од Министерството за внатрешни работи до денот на гласањето. Испечатени се 1.832.415 ливчиња за градоначалници и советници, како и дополнителни 474.304 ливчиња за изборите во Град Скопје. За печатење на ливчињата се предвидени 48 милиони денари, а точната потрошувачка ќе се знае по евентуалниот втор круг на изборите. Гласањето ќе почне на 18 октомври со болните и немоќни лица, затворениците и лицата во притвор, додека главниот ден за гласање е 19 октомври, кога ќе се гласа од 7 до 19 часот. Гласањето е тајно, а за идентификација ќе се користат биометриски апарати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе