Авганистан и Пакистан објавија прекин на огнот по неколку дневните жестоки гранични судири, во кои загинаа десетици луѓе од двете страни. Привремениот 48-часовен прекин беше постигнат по повици од регионални сили како Саудиска Арабија и Катар, загрижени од ескалацијата што може дополнително да ја дестабилизира ситуацијата, каде веќе делуваат групи како Исламска држава и Ал Каеда. Според Пакистан, барањето за примирје дошло од талибанската власт во Авганистан, но Кабул тврди дека прекинот бил на инсистирање на Исламабад. Клучните гранични премини остануваат затворени, а двете страни меѓусебно се обвинуваат за провокации и жртви меѓу цивили. Судирите кулминираа со жестоки борби кај Спин Болдак во авганистанската провинција Кандахар, каде според талибански претставници загинале повеќе од 12 лица, а над 100 биле повредени. Пакистанската армија тврди дека нејзините сили само одговориле на „неиспровоцирани напади“ и дека не ги таргетирале цивилите.
Авганистан и Пакистан договорија прекин на огнот по крвави судири
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
