Вести Македонија Топ вести

Костадиновски: Апасиев да покаже правна, политичка и академска култура

Упатството на АВМУ за платено политичко рекламирање нема никаков проблем со законитоста, оценија уставните судии кои  едногласно одлучија да не поведат постапка за оценување на уставноста.

Нивната одлука се базира на ставот дека, доколку од Агенцијата постапеле како што бара предлагачот Димитар Апасиев од Левица-минутажата да биде распоредена на трите партии од власта што имаат пратенички групи и на три од опозицијата – тие би ги пречекориле своите законски овластувања.Во однос на уставноста, се повикуваат на уставната судска пракса и одлуката од 2022 година, кога во расправата за истиот член 75 ѓ од Изборниот законик, по вторно на иницијатива од истиот предлагач е одлучено да не се поведе постапка.

Претседателот на судот упати критики за Апасиев, за кого вели дека е одличен правник, но честопати знаењето го злоупотребува за политички цели и користи некоректен речник, квалификувајќи ги постапките на Уставниот суд. За него е нејасно и зошто иницијативата е поднесена токму сега, пред избори.

„Подносителот, како добар познавач на правото и пратеник, имал четири години да предложи измени и дополнувања на Изборниот законик, но не го сторил тоа, туку го сторил сега, пред избори. Треба да покаже малку поголема политичка, правна и академска култура“, вели Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд.

При претходното одлучување на судот за овој член од законот, Костадиновски имал издвоено мислење во кое, меѓу другото смета и дека, партиската кампања воопшто не треба да се финансира од буџетот.

„Со спортски термин, со овој закон некои партии јго почнуваат натпреварот со 3 спрема нула предност. Плурализмот налага еднакви и фер услови. Јас лично сметам дека со народни пари премногу се плаќаат политичарите-им се плаќа кампањата, па добиваат пари по број на освоени гласови, плата добиваат од буџетот и на крај им следува и апанажа, тоа се четири пати“, вели Костадиновски.

Од аспект на судија тој проблематизира дали сето ова има легитимна цел, дали е општествено оправдано и неопходно, затоа што е дефинитивно премногу.

Далиборка Демјанска Цветановска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе