Пасошот на Сингапур е најмоќниот во светот во најновата листа на сајтот „Henley and Partners”. Ранг листата е базирана на податоци од Меѓународната управа за воздушен транспорт и вклучува 199 различни пасоши и 227 различни дестинации за патување.
Со пасошот на Сингапур може да се патува на 193 места во светот без виза. После Сингапур следува Јужна Кореја со 190, Јапонија со 189.
Меѓу најмноќните се и пасошите на Германија, Италија, Луксембург, Шпанија и Швајцарија, кои го делат четвртото место со 188 места во кои може да се влезе без виза.
Македонскиот пасош го дели 42 место со Самоа и Тонга. Со наш пасош може да се влезе без виза на 129 места.
Од регионот, грчкиот пасош се најде на петата позиција со 186 места без виза, Хрватска се најде на осмото место со 184. Пасошот на Албанија е на 47 позиција со 122 места во кои може да се влезе без виза, на делба со пасошот на БиХ. Пасошот на Косово е на 65-то место, додека на Србија на 36-тото место.
