Вести Свет Топ вести

Израелски војници убија пет Палестинци – тежок инцидент претпладнево во Газа

Тежок инцидент се случи денеска во Газа во кој израелската војска отвори оган и уби пет Палестинци.

Според израелските сили (ИДФ), пет осомничени Палестинци се убиени претпладнево, откако „ја минале т.н. Жолта линија“ до која се повлекле безбедносните сили во рамки на договорот за примирје во Појасот „и се приближиле кон пункт во источниот дел на квартот Шејаија во градот Газа“.

Израелските сили наведоа дека „Палестинците биле предупредени, меѓутоа се оглушиле на повикот да се оддалечат“, по што бил отворен оган за „отстранување на заканата“. Притоа ИДФ апелира на почитување на упатствата и да нема доближување до распоредените единици во таа област.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запалени автомобилите на адвокатот Алиспахиќ

Дејан Дејан

Поради погрешен матичен број на полицаец вратен на работа со судска одлука- „застана“ здравственото осигурување на сите вработени во МВР

Дејан Дејан

ЦУК: Попладнево активни се три пожари во државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе