Најмалку 14 лица загинаа при поплава во рудник во Ел Каљао, југоисточна Венецуела, по обилни дождови кои го зафатија регионот, соопштија локалните власти. Сведоци изјавија дека водата продрела од дното нагоре, „како вулкан“, поплавувајќи три вертикални рударски окна во рудникот. Шефот на регионалниот штаб за проценка на штети и потреби во државата Боливар, Грегори Гонзалес Асеведо, изјави дека е воспоставен команден центар за координација на спасувачките активности и извлекување на телата. Спасувачките тимови започнаа со испумпување на водата, но синоќа, телата сè уште не беа извлечени. Ел Каљао е рударски град каде што речиси целото население живее од ископ на злато. Рударството во Венецуела често се врши под опасни и нерегулирани услови, при што несреќи од ваков вид се сè почести, особено во нелегалните или слабо регулирани рудници.
Најмалку 14 луѓе загинаа при поплава во рудник во Ел Каљао, југоисточна Венецуела
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
