Вести Македонија

Здруженија на пациенти со поддршка за барањата на медицинските сестри

Повеќе здруженија на пациенти дадоа поддршка на Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри за нивното барање медицинските сестри да бидат вклучени во работните групи на Министерството за здравство за подготовка на новиот закон што директно ја засега сестринската професија.

Од Унијата повторно го упатија барањето да имаат свој претставник во Министерството при креирањето на здравствените политики. Тие сметаат дека со донесувањето на Законот за сестринска дејност би се регулирал правниот статус на медицинските сестри, начинот на добивање лиценца, контролата на квалитетот, стручниот надзор над нивната работа, како и прекршочните одредби во случаи на несакани ситуации.

Од Министерството за здравство минатата недела соопштија дека усогласувањето на 12-те закони сè уште не е завршено, туку продолжува по етапи, со можност стручните забелешки да бидат вградени пред законските решенија да бидат пуштени во собраниска процедура.

T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

1.430 загинати најнов билан на жртвите во земјотресот во Венецуела – 72-часовниот прозорец се ближи кон крајот

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

(видео)„Kако ќе се утврди вистината ако не се прикажат доказите“, прашаа родителите на денешниот 46. „Марш на ангелите“ во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе