Џоел Мокир, Филип Агјон и Питер Хауит се добитници на Нобеловата награда за економија за 2025 година. Во образложението на шведската Академија на науки се наведува нивниот придонес во разбирањето на иновации кои го придвижуваат економскиот раст.
Мокир од универзитетот Нортвестерн, Агјон од Лондонското училиште за економија и ИНСЕАД во Париз и Хауит од универзитетот Браун „се наградени за теоријата на одржлив раст низ креативна деструкција“.
Мокир ќе добие половина од наградата од 1,2 милиона долари (11 милиони шведски круни), додека останатата половина ќе ја поделат Агјон и Хауит, пренесува Блумберг.
Наградата е востановена во 1968 година од Централната банка на Шведска и позната е како награда за економски науки во знак на сеќавање на Алфред Нобел.
