Вести Македонија Топ вести

Ќе почнеме со две антени во Македонија и во Србија – Фон дер Лајен најави фабрики за вештачка интелигенција во Западниот Балкан

Европската комисија (ЕК) денеска најави проширување на програмата „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (АИФА) во седум земји членки и шест партнери на Европската Унија (ЕУ), меѓу кои и Македонија.

Во соопштението се посочува дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана најави проширувањето на фабриките за вештачка интелигенција во Македонија и Србија.

„Можам да објавам дека ќе ги отвориме нашите фабрики за вештачка интелигенција за Западниот Балкан. Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион што ќе им овозможи на компаниите во сите шест партнери да се поврзат со овие фабрики“, изјави Фон дер Лајен во обраќање на Инвестицискиот форум во Тирана.

Ова, според Фон дер Лајен, ќе значи дека компании од Западниот Балкан ќе можат да пристапат до европската инфраструктура за вештачка интелигенција. Покрај земјава, програмата АИФА е проширена и во членките на ЕУ – Белгија, Ирска, Кипар, Летонија, Малта, Словачка и Унгарија, како и во Велика Британија, Исланд, Молдавија, Србија и Швајцарија.

Во него се додава дека во петокот ЕК соопшти дека кон европската инфраструктура за вештачка интелигенција се приклучиле шест нови фабрики за вештачка интелигенција, со што нивниот вкупен број опфатен со мрежата се искачи 19 во 16 земји членки на ЕУ.

„Ова проширување го поттикнува Акцискиот план за Европа на вештачката интелигенција и ги надополнува инвестициите на ЕУ во идните гигафабрики за вештачка интелигенција, големите објекти посветени на развој и обука на напредни модели на вештачка интелигенција и гранични системи, истовремено усогласувајќи се со Стратегијата за примена на вештачката интелигенција за забрзување на воведувањето на вештачката интелигенција низ целата европска економија и јавниот сектор“, се додава во соопштението.

Урсула фон дер Лајен во среда попладне ќе допатува во Македонија. Претседателката на ЕК е турнеја низ Западен Балкан која има за цел да ја истакне поддршката на ЕУ за процесот на пристапување на регионот и да разговара за планот за раст на ЕУ од 6 милијарди евра за периодот 2024-2027 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Здрава котлина“: Одлуката за спојување на концесиите за рудниците е донесена на незаконски начин

Дејан Дејан

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Дејан Дејан

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе