Да се открие вистинскиот виновник за обидот за атентат бара докторот Зекирија Шаини кој не му верува на обвинителството кое ја осомничи неговата поранешна сопруга дека е нарачател. Тој вели дека истражните органи неправедно го вмешале името на Арјета Ајдини и дека со тоа го нарушиле нејзиниот углед.
Докторот Шаини кој е и носител на советничката листа на ДУИ во Општина Липково беше погоден со три куршуми во центарот на Куманово додека се возеше во автомобил.
Од Јавното обвинителство денеска информираа дека во врска за инциденот се поднесени кривични пријави против едно лице за загрозување на сигурноста но тоа е во бегство.
За поранешната сопруга на Шаини поднеле пријава за поттикнување. Двете се однесуваат на претходно испратени пораки и закани, велат од обвинителството.
Т.Д.
