Вести Македонија Топ вести

Во Штип осум од десет биопсии откриваат рак на дојка, просечната граница сега е од 25 година

Десет пациентки од целиот источниот регион неделно прават биопсија на дојките, кај 80% или кај осум жени или пак девојки им се дијагностицира рак на дојката, Радиологот во штипската Клиничка болница, Габриела Димова која работи на овие биопсии вели дека најчест ризик фактор за појавата на карциномот се стресот, но и фамилијарната анамнеза.

Посочува возрасната граница се повеќе се намалува и какошто вели за жал се помлади жени и девојки заболуваат од канцер на дојка. Ако порано просечната граница била од 45 до 50 година, сега е од 25 година.

„Сега се поместуваат тие граници, по 20-тата година жените треба да си ги прават редовните ехо прегледи, по 40-тата година да почнат да се прегледуваат на мамографија, меѓутоа кај девојки кои имаат позитивна фамилијарна анамнеза, тоа значи дека девојки кои во семејството имаат болна мајка, тетка, сестра, овие прегледи треба да ги започне по 20-тата година со ехо прегледи, а по 35 година мамографија“ изјави Габрила Димова радиолог во Клиничка болница-Штип.

Грутка која расте и не се повлекува, исцедок од брадавицата, црвенило на кожата, ова се најчестите симптоми за канцер на дојка. Студентите од Медицинските факултети во Штип и Скопје денеска учеа и слушаа од еминетни лекари и професори за ракот на дојката.

„Целта на овој семинар е да се подигне свеста и да се сфати дека медицината не е само теорија и пракса, туку е всушност уметност на слушање, затоа што слушањето е всушност лекот. Се слушаат симптомите, се слуша телото, се слушаат емоциите, токму тоа ќе го опфатиме во овој семинар, и токму таа психолошка страна ќе биде и фокусот на овој семинар денес“, изјави Михајло Мирасчиев студент и претседател на СОМА.

Еднодневениот семинар на тема „Розов октомври“ со слоганот: „Телото зборува, умот страда. Ајде да слушaме“ е во организација на СОМА (Студентски организираната медицинска асоцијација) во Штип, а на едно место собра околу 200 студенти од факултетите за медицински науки.

Викторија Димитрова Јованова

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе