Вести Македонија Најважни

Застреланиот пулмолог и носител на листата на ДУИ е надвор од животна опасност – обвинителството првично не гледа политички мотиви во нападот во Куманово

Пред локални избори и пред Општина Куманово, со полициски ленти беше обезбедено местото на кое беше застрелан носителот на листата на ДУИ за Општина Липково, Зекирја Шаини. Шаини, кој е лекар пулмолог, е застрелан пред 14 часот додека се возел со голф, а во него пукале две лица кои се движеле по улицата. Инцидентот се случил на раскрсница пред Општина Куманово, на 50-тина метри од полициската станица во Куманово и судот и обвинителството во овој град.

По првичната интервенција лекарот е однесен на скопските клиники. Има повреди од куршуми на рака и на нога и е надвор од животна опасност.

Веднаш по настанот, напаѓачите избегале и сè уште трае потерата по нив. Полицајци со панцири и со автомати го обезбедуваа местото. Првичните информации се дека мотивот е од семејни прилики, а обвинителството наведува дека засега нема индиции за политички мотивиран напад.

„Двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија. Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат“, се вели во соопштението на обвинителството. 

Застреланиот Шаини е лекар специјалист по пулмологија и вработен е на скопската Клиника за пулмологија.

Миомир Серафиновиќ

Првични индиции не упатуваат на политичка заднина зад нападот врз носителот на листата на ДУИ во Липково- ранетиот пулмолог Шаини е префрлен на скопските клиники

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе