Вести Македонија Топ вести

Медицинските сестри реагираaт на игнорантски однос, министерот ветува консултации

Гласот на медицинските сестри мора да биде слушнат таму каде што се крои здравството на оваа држава, реагираат од Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.

Велат дека дегутантно е да бидат на ваков начин игнорирани, затоа што и покрај тоа што постоеше јасен и официјален договор со министерот за здравство за вклучување на Унијата во работните групи, на неодамнешната јавна расправа тоа не се случи – што претставува грубо прекршување на договореното и навреда за професионалната заедница.

„Па тоа се прави за вредноста на пациентите. Кој е тој пациент што не сака да го лекува високообразувана сестра. Кој пациент сака да кружи околу него сестра и да вика јас имам високо ама ме плаќаат за средно . Му е гајле, значи тој сака нега, сака да си ги исполните вашите работни задачи и не може десет пациенти сабајче да ги нарани една сестра, а треба три да бидат околу нив и не може на интензивна нега една сестра на 6-7 пациенти“, изјави м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „За Нас.

Веднаш по нивната реакција беа повикани на средба кај министерот за здравство Азир Алиу на која им било соопштено дека станува збор за административен пропуст и дека секако ќе бидат консултирани за сите 12 закони и за наредните кои што ќе се носат.

„Ние сме единствената земја во регионот каде што сестрите не се озаконети, знаете што значи тоа ако немате закон немате лиценца, ако немате лиценца немате одговорност. Немате врз основа на што да одговарате, тоа е многу сериозно нешто. Немате процес во кој што се образувате, немате вертикала, не ја следите европската директива. Што ќе биде кога ќе се отворат поглавјата за влез во Европа поглавјата за здравство, ние немаме ниту една дефиниција по основ на европската директива за образование каде што се признаените професии и валоризираните професии како што пропишани, една од нив е професијата на медицинска сестра. Значи треба само да го спроведете. Јас тоа му го кажав сега и на министерот во здравствениот совет нема ниту една медицинска сестра, во работните групи исто, во комисиите за заразни болести исто. Како може ??Медицинските сестри се веќе специјалисти во сопствените области. ќе ги покреме и здруженијата на пациенти со кои сме вмрежани“, додава Бешлиовска. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе