Вести Економија Свет

Лагард: Мора да се почитува меѓународното право за руските средства

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, од Стразбур порача дека секое користење на руските замрзнати средства за поддршка на Украина мора строго да се спроведува во согласност со меѓународното право.

Таа нагласи дека законитоста на ваквите финансиски шеми е неопходна за одржување на кредибилитетот на ЕУ на глобалната сцена.

Лагард потсети дека во игра се околу 210 милијарди евра руски средства замрзнати по инвазијата врз Украина, но предупреди дека геополитичките и правни последици од нивната употреба мора внимателно да се разгледаат.

Таа исто така ја потенцираше можноста за јакнење на еврото како глобална валута, што би овозможило економски придобивки за европските земји.

За да се постигне тоа, според Лагард, ЕУ мора да ги зацврсти своите економски основи преку капитална интеграција, независност на централните банки и развој на дигитално евро.

T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе