Вести Македонија Топ вести

Презентација на сите докази, проширување на обвинението… – дел од барањата на 25-от „Марш за ангелите“ во Кочани

Целосно презентирање на сите докази, јавна одговорност за пропустите во обвинителниот акт, проширување на обвинението и кон другите вмешани лица, итно преиспитување на решението за домашен притвор и обезбедување еднаков третман за сите осомничени. Ова се четирите барања коишто родителите на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ попладнево ги испорачаа до Јавното обвинителство. Тие на 25-от „Марш на ангелите“ директно му се обратија и републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Велат дека наместо вистина и целосна одговорност, сведоци се на пропусти и прикривање, а за нив поразително е што дел од осмоничените се со мерки на претпазлевост.

„Ова е навреда за правдата и за целиот правен систем. Вашата должност е да обезбедите еднаков третман пред законот, а не да создавате систем во кој богатите и влијателните се неприкосновени. Свесни сме дека постојат уште докази против други лица кои намерно не ги изнесувате. Со тоа не само што ја нарушувате правдата, туку и сторувате кривично дело, согласно Кривичниот законик. За тоа ќе има одговорност. Се сомневаме дека вашата постапка е резултат на силен политички или друг вид на притисок од лица кои стојат зад овој случај. Но, колку и да се обидувате да ја сокриете вистината, таа ќе излезе на виделина“, порача Мита Тасева мајка на загинато момче.

Семејствата и родителите на загинатите млади луѓе во Кочани на државниот врв му порачаа дека по кобниот 16 март повеќе немаат функции, туку имаат мисија дали оваа држава ќе постои или ќе ја снема. Побараа да се издигнат над партиските интереси и личните калкулации за да влезат во историјата како луѓе кои ја спасија татковината.

Нашите деца заслужуваат правда. Ние нема да молчиме и нема да се помириме, одекна како порака до институциите од 25-от „Марш на ангелите“ во Кочани. На 16 март во дискотеката „Пулс“ згаснаа 62 млади животи, а околу 200 беа повредени.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе