Спорт Формула 1

Пиастри пред Норис и Ферстапен во квалификациите за ГН на Холандија

Оскар Пиастри ќе стартува од пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Холандија во Формула 1 шампионатот. Пилотот на Мекларен во квалификациите го победи својот тимски колега Ландо Норис.

Пиастри до својата петта пол-позиција сезонава дојде со време од 1 минута, 8 секунди и 662 илјадитинки. Друштво во првиот стартен ред на патеката „Зандворт“ ќе му прави тимскиот колега Норис. Од третата позиција ќе тргне актуелниот светски шампион Макс Ферстапен од Ред Бул, а крај него изненадувачки е Исак Хаџар од Рејсинг Булс. Џорџ Расел од Мерцедес ќе тргне како петти, а по него следува двоецот на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Најдобрите десетмина ги комплетираат Лијам Лосон, Карлос Сајнц и Фернандо Алонсо.

Утрешната трка за Големата награда на Холандија, која е 15-та во сезоната ќе стартува од 15 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе