Македонската машка кошаркарска репрезентација во првото коло од мундијалските претквалификации во Куманово е поразена од Романија со 80:72.
Подмладениот состав предводен од селекторот Марјан Илиевски не успеа да стигне до победа против репрезентација која не требаше да ни задава посериозни проблеми.
Најефикасен во нашиот тим со 28 поени беше Џејкоб Вајли додека Адем Мекиќ и Андреј Митревски впишаа по 10.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.































