Маркус Рашфорд е нов фудбалер на Барселона и доаѓа од Манчестер јунајтед на едногодишна позајмица.
Англичанецот не беше во плановите на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, па мораше да си најде нов клуб. Тој и минатата полусезона ја мина на позајмица во редовите на Астон Вила.
Каталонците ќе имаат опција да го откупат договорот на Рашфорд идното лето за 35 милиони евра. Напаѓачот досега во кариерата постигна 138 голови за Манчестер јунајтед на 426 натпревари.
Во новиот клуб ќе го носи дресот со бројот 14.
