Вести Македонија Најважни

Димитровска 2 месеца не оди на работа – повици за оставка се редат

Претседателеката на Антикорупциска Татјана Димитровска, обвинета за две кривични, не оди на работа два месеца , од отворањето на истрагата . Според пресметките на Телма плата зема над 2500 евра.   Објаснувањето од ДКСК е дека не оди на работа поради мерките на претпазливост.   Со нив  всушност Димитровска доби забрана да работи на предмети да има контакт со пошта и друга документација. Оставка не си поднела ниту по обвинението .

И додека Аниткорупциската комисија држи обуки за интегритет и превенција од корупција на административците а една таква обука се одржала ден поред обвинението за Димитровска , во соопштението остана без став и коментар за тоа што нивната претседатлека  обивнета за две кривчни дела поврзани токму со работата во ДКСК, оддавање службена тајна на обвинет во предметот адитив а поранешен колега ревизор и го положил тестот за Сертификат – Државна тајна. Поднесување на оставка како морален чин е одлука и право на самата Претседателка сметаат од ДКСК а  за разрешување или престанок на функција велат дека Собранието може да донесе таква одлука.

Имајќи предвид дека во конкретниот случај станува збор за индивидуална одговорност, Државната комисија работи и ќе продолжи да работи и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, стои во соопштението од ДКСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши лично смета дека треба да има правосилна пресуда за да се иницира разрешување сепак на брифингот со новинарите посочи дека  деловникот на Собранието  за тоа одлучува комисијата за избори и именувања

Што и да одлучи Комисијата, јас ќе го процесуирам на пленарна седница. Но законски, процедура за разрешување може да се покрене доколку има праовислна пресуда а не обвинение. Законска основа се уште нема. Во делот  на угледот, дали може некој да го води тоа тело со покренато обвинение, тоа  е оставено на нејзината  етика, рече Гаши.

Власта за сега не планира реприза на интерпелациите само наместо за членовите на Судксиот совет за ДКСК.

Што дека ВМРО-ДПМНЕ или која било политичка партија ќе поднесе. Ете, видовте, за Судскиот совет поднесовме, ги разрешивме, тие уште седат таму, илјадници евра на грбот на граѓаните добиваат. Да ја оставиме естрадата за естрадните уметници, политиката за политичарите. Пости морален чин на одговорност, ако чувствува некој треба да отстапи, да заврши со таа работа, а за кривична – тука се обвинителствата, судовите, тие нека гонат доколку има кривична одговорност. А ние сега да правиме естрада, во Парламентот, па тоа ништо не значело според Уставот, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Иницијатива за Димитровска од пратениците за сега нема. А токму пратениците од комисијата за избор со своите 100-ки беа клучни за изборот на Димитровска.

Еден од оние кои исто така високо ја оцени е  поранешниот заменик правобранител  Јован Андоновски. Тогаш верувал во нејзината стручност и интегритет но после обвиненијата ја повикува да си даде оставка.

Нејзиното останување на функцијата ѝ нанесува сериозна штета на ДКСК и на борбата против корупцијата., напиша Андоновски.

Претставничката на невладиниот сектор при изборот  имаше  издвоено мислење поради необјективно и оркестрирано гласање на останатите членови на Комисијата.

Додека во јавноста се редат повици за оставка, Димитровска се уште не се огласила. На нејзиниот телефон е недостапна.

По отворањето на истрагата  рече дека нејзината комуникација била со семеен пријател, пред да биде покренато обвинение против него. Но сега обивнителството има нови обвинувања за компјутерскиот фалсификат со тестот за државна тајна.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе