Ракомет Спорт

Вардар го дозна патот во Европската лига, Алкалоид прво со мислите кон Хановер

Ракометниот клуб Вардар ги дозна ривалите во групната фаза во Европската лига на ЕХФ, a Алкалоид потенцијалната конкуренција ако го мине Хановер во баражот.

Вардар денешната ждрепка во Виена ја почна од вториот квалитативен барабан, па беше сместен во рамки на групата Ф, каде од најквалитетните тимови за ривал го доби шведски Кристијанстад и Тулуз од Франција од третиот барабан. Четвртиот ривал на Вардар ќе биде познат по баражот, а тоа ќе биде победникот од хрватската пресметка помеѓу Сесвете и Дуго Село. 

Алкалоид ако го мине бундеслигашот Хановер во баражот ќе игра во рамки на групата Г, каде засега познати се само два тима, а тоа се данскиот тим Фредериција и Татран Прешов од Словачка. Четвртиот ривал доаѓа исто така од баражот и тоа победникот од пресметката помеѓу шведските тимови Савехов и Малме.

Алкалоид првот натпревар со Хановер го игра на гостински терен на 30 или 31 август, додека реваншот ќе биде седум дена подоцна во Скопје. Групната фаза во Европската лига стартува на 14.октомври, а ќе заврши на 2.декември. 

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе