Вести Економија Топ вести

НФФ: Пченицата е со добар квалитет, институциите да се вклучат во надзорот на откупот

Националната федерација на фармери оцени дека пченицата годинава е со добар квалитет и приносите се задоволителни, апелираат до надлежните институции, особено до Земјоделскиот инспекторат, активно да се вклучат во надзорот на откуп  и да обезбедат фер и транспарентна постапка за сите земјоделци.

Според НФФ, покрај постигнатите 12 денари за откуп годинава, потребно е да продолжат активностите за зголемување на приносите, за намалување на производните трошоци, за воспоставување долгорочни и фер односи меѓу земјоделците, мелничарите и откупувачите преку договорното производство, за активирање интервентен откуп во кризни ситуации, воведување нови технологии и економско здружување на фармерите во задруги и организации на производители.

-Преку својот потсекторски систем, континуирано ја следиме состојбата со пченицата, како во делот на производството, така и во делот на продажбата. Оваа стратешка култура секогаш се соочува со предизвици при откупот и високата производна цена. Оваа година, со посредство на МЗШВ, постигнат е договор со откупувачите цената за прва и втора класа да изнесува 12 денари по килограм, со тоа што на оваа цена ќе бидат додадени и трошоците за транспорт и ДДВ, кои ќе ги покријат мелничарите, односно пченицата која се транспортира од региони без млинови ќе има покриени дополнителни транспортни трошоци. Сметаме дека ова е излезно решение за годинава, наведува НФФ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе