Спорт Фудбал

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Челзи по синоќешната победа од 2:0 против Флуминенсе се пласираше во големото финале на Светското клупско првенство во фудбал што се одржува во САД. Вечерва Реал Мадрид и ПСЖ ќе се борат за влез во финалето и дуел со „сините“ за титулата светски првак.

Челси навремено инвестираше 60 милиони фунти во напаѓачот Жоао Педро од Брајтон. Бразилецот потпиша за „сините“ пред само една недела, а вчера во Њу Џерси беше херој на клубот и тоа против неговиот тим од детството Флуминенсе.

Напаѓачот ги постигна двата гола во победата на премиерлигашот и двата ги постигна на спектакуларен начин. Прво погоди од надвор од шеснаесетникот во 18-тата минута, а стави точка на победата во 56-тата, исто така, на атрактивен начин со силен удар.

Вечерва од 21 часот силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и ПСЖ во второто полуфинале. „Кралевите“ во елиминациската фаза ги минаа Јувентус и Борусија Дортмунд со 1:0 и 3:2, додека францускиот тим беше подобар од Интер Мајами и Баерн Минхен.

Хендикеп за Реал е фактот што за овој натпревар е суспендиран Дин Хујсен, кој доби црвен картон против Дортмунд, а суспендирани кај ПСЖ се и Вилијам Пачо и Лукас Ернандез, кои беа исклучени во полуфиналето против Баерн. Разликата е тоа што Хујсен доби еден меч суспензија, додека фудбалерите на ПСЖ добија два натпревари, па европскиот шампион и ако се пласира во финалето, двајцата дефанзивци нема да може да настапат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе