Спорт Фудбал

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години денеска ги почнува натпреварите на Европското првенство што се одржува во Подгорица, Црна Гора. Нашите девојки денеска имаат тежок испит во првото коло против Унгарија.

Тимот предводен од селекторот Симе Симовски во подготвителниот период одигра три контролни натпревари. Загубивме два пати од Хрватска со 34-26 и 41-20, додека на генералната контрола славевме со 30-20 против Косово.

Унгарија важи за светска велесила во младинскиот, но и сениорскиот женски ракомет, но нашите девојки ќе се обидат да се прикажат во најдобро можно светло. По вечерашниот дуел што стартува од 19:30 часот, Македонија утре во второто коло во групата А ќе игра против Полска со почеток од 14:30 часот, додека во третото коло во сабота ќе играме и со Чешка.

Само победниците на шесте групи одат во главната фаза, како и најдобрите две второпласирани репрезентации. Останатите четири второпласирани селекции и четирите најдобро третопласирани репрезентации ќе играат за пласман од девето до 16-то место, додека оние најслабо рангираните во групната фаза ќе играат за пласман од 17-то до 24-то место.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе