Кошарка Спорт

Дубаи продолжува да гради моќен тим за дебито во Евролига – потпиша и Аврамовиќ

Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се засилува за својата прва сезона во Евролигата. Само два дена по ангажманот на Џанан Муса од Реал Мадрид, новиот евролигаш го потврди и трансферот на српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ.

Аврамовиќ минатата сезона настапуваше за ЦСКА Москва, каде имаше одличен учинок – просечно по 12,8 поени, 3,4 асистенции и 2,8 скока по натпревар. За своите партии беше избран и за најдобар новајлија во ВТБ Лигата. Сега се враќа во Евролигата со тригодишен договор, и тоа во тимот на амбициозниот Дубаи, каде ќе игра заедно со поранешните соиграчи од Партизан – Данило Анѓушиќ и Немања Дангубиќ.

Во текот на кариерата Аврамовиќ настапуваше за неколку клубови во Србија и Европа – Борац Чачак, ОКК Београд, италијанскиот Варезе, како и шпанските Уникаха и Естудијантес. Со српската репрезентација освои сребро на Евробаскетот во 2023 година и бронзен медал на Олимписките игри во Париз 2024.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе