Во близина на Неготино денеска почнува изградбата на гасниот интерконектор со Грција, а македонскиот дел од проектот ќе го изгради кумановската компанија „Рапид Билд“.
Договорот со оваа компанија беше потпишан во мај, а „Рапид Билд“ понуди најниска цена од 59,9 милиони евра, што е за 12 милиони евра пониско од понудата на второрангираниот изведувач од Србија.
Изградбата на македонскиот дел од интерконекторот, со должина од 67 километри, се очекува да трае 22 месеци, а проектот да биде завршен во 2027 година.
Овој интерконектор ќе ја поврзе земјава со грчката гасоводна мрежа, која веќе е речиси целосно изградена на својата страна, со должина од 123 километри.
Со ова поврзување, Македонија ќе добие дополнителен извор за природен гас, освен постојната врска преку Бугарија, што ќе ја зголеми енергетската безбедност и стабилност на снабдувањето.