Спорт Фудбал

Флуминенсе подобар од Ал Хилал, Челси го елиминираше Палмеирас (ВИДЕО)

Флуминенсе против Челси е првата полуфинална двојка на Светското клупско првенство во фудбал што се одржува во САД. Вечерва ќе биде познато и кои два тима ќе играат во второто полуфинале.

Флуминенсе продолжува со одличните игри на турнирот, а синоќа во Орландо го исфрли саудискиот тим Ал Хилал со 2-1. Мартинели им донесе водство на Бразилците во 40-тата минута со одличен погодок. Најдобриот стрелец на турнирот за Ал Хилал, Маркос Леонардо стрелаше за 1-1 во 51-та минута. Победата на Флуминенсе му ја донесе Херкулес во 70-тата минута од дуелот.

Челси славеше во четвртфиналето со идентичен резултат против Палмеирас и спречи бразилско полуфинале. Кол Палмер со одличен гол во 16-тата минута ја најави победата на премиерлигашот. Во второто полувреме Палмеирас тргна поофанзивно и дојде до израмнување во 53-тата минута и тоа преку младиот Естевао, кој летово ќе се пресели токму во Челси. Агустин Гиај си постигна автогол во 83-тата минута по една исто така лоша реакција на голманот Вевертон.

Полуфиналниот дуел помеѓу Челси и Флуминенсе се игра  во вторник со почеток од 21 часот во Њу Џерси.

СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО
(ЧЕТВРТФИНАЛЕ)

ПСЖ – БАЕРН МИНХЕН (18 ЧАСОТ)
РЕАЛ МАДРИД – БОРУСИЈА (22 ЧАСОТ)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе