Вести Економија Топ вести

За опозицијата буџет за луксуз, за власта за стабилност – почна расправата за ребалансот

Помалку пари за граѓаните, повеќе за луксузирање на владата. Почна расправата за ребалансот на буџетот. Од опозицијата обвинуваат дека со прекројувањето на државната каса се крати од работниците, земјоделците, од оние најзагрозените, за да има повеќе да трошат функционерите.

Нема пари за соодветно и заслужено покачување на плати на работниците, за поголеми плати во образованието, здравството. Нема пари за повредените и семејствата на настраданите во Кочани. Нема пари за нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните за намалување на цените. Граѓаните едноставно се оставени сами на себе, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска

Од власта пак образложија што ќе се значи прекројувањето на државната каса. Тврдат дека ребалансот е насочен кон стабилност, кој ќе овозможи ефективност во  трошењето на јавните финансии.

Се надевам дека измените ќе бидат поддржани од сите вас, а со крајна цел поефикасно и по одговорно управување со јавните финансии со фокус на стабилност, отчетност и ефективност во трошењето, вели заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски

На расправата присуствуваа и од фискалниот совет. Иако, од Владата  очекуваат буџетскиот дефицит да падне под 4 отсто, од фискалниот совет велат дека во овој дел треба многу да се внимава,  затоа што најголем дел од минусот во касата е од тековни трошења.

Ние сме свесни дека во македонскиот буџет тековните расходи плати се 65 проценти од вкупните расходи така да е многу тешко кога сте зеле буџетски  обврски да имате маневарски простор, изјави Глигор Бишев , претседател на фискален совет.

Со ребалансот на буџетот државата планира да собере, но и да потроши повеќе пари. Инфлацијата од 2, 2  ќе порасне на 2, 8 проценти, растот останува на старата проекција од 3, 7 отсто.

Повеќе пари ќе има за ПИОМ,  околу 40 милиони евра. Иако, ќе има нови задолжувања и дома и надвор јавниот долг уверувањата се дека нема да надмине 62 отсто од БДП.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе