Вести Економија Македонија Топ вести

Девијантно однесување или енормно зголемување на цените, ќе значи ригорозни мерки – министерот Дурмиши со порака до трговците

Министерот за економија Бесар Дурмиши денеска најави дека доколку со следните извештаи се покаже девијантно однесување од трговците ќе следат ригорозни мерки. Тој појасни дека кај основните производи за мај, било очекувано зголемување на цените. Посочи дека од друга страна, пак, има домашни производи кои се со намалена цена.

„Во март инфлацијата беше околу 2 проценти, тоа за нас е стабилна состојба, а ќе правиме напори до крај на годината да достигне максимум три проценти. Што се однесува до храната и пијалоците каде спаѓаат основите прехранбени производи имавме намалување на цената за време на мерката и зголемување во мај според податоците на Државниот инспекторат. Во наредните денови чекаме извештај и за јуни, како и податоци од Државен завод за статистика. Кога ќе ги споиме сите податоци ќе анализираме какво е однесувањето на трговците, дистрибутерите и производителите и ако имаме девијантно однесување или се случува енормно зголемување на цените ќе одиме со поригорозни мерки, или ќе одиме со помал процент на ограничување или ќе ги опфатиме скоро сите производители“, рече Дурмиши.

Додаде дека кога е период на празници забележано е оти трговците ги зголемуваат цените на оние производи кои најмногу се трошат и дека во однос на тоа однапред биле преземени чекори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Втор ден расправа за ребалансот на буџетот

Дејан Дејан

Изгоре автобус на ЈСП

Дејан Дејан

Масовен руски напад со дронови врз Одеса, повредени деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе