Вести Економија Македонија Топ вести

Мицкоски: Во ребалансот на буџетот е предвидено покачување на пензиите

Во ребалансот на буџетот е предвидено покачување на пензиите, согласно закон, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

„Во делот на фискалното консолидирање,за жал, македонската економија, претходната влада, испушти можност да се консолидира, кога сите економии се консолидираа. Па така, ќе мора ние тоа да го правиме. Оваа година очекувам она ниво од 4 проценти буџетски дефицит да биде и пониско, а веќе во наредната година да се приближуваме кон онаа рамка од 3 проценти и подолу која што требаше одамна да ја постигнеме“, рече Мицкоски и додаде дека Светска банка во позитива ја корегира пчроекцијата за раст на македонската економија од 2,8 на 3 проценти.

Според него, „сите индикатори и бизнис околина што е креирана, полека, но сигурно дава резултат“. Мицкоски додаде дека препораките на Фискалниот совет се пристапува сериозно, се разгледуваат и анализираат и секоја конструктивна забелешка, како што порача, е добредојдена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе