Вести Економија Топ вести

Литар дизел поевтинува за два и пол денари од полноќ, цените на бензините без промени

Малопродажната цена на Еуродизел од полноќ се намалува за 2,5 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на Еуродизел ќе изнесува 70,5 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Литар Еуросупер БС-95 чини 77,5 денари, литар Еуросупер БС-98 чини 79,5 денари, додека Екстра лесното масло се продава за 72 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,499 денари и еден килограм ќе чини 40,188 денари.

Од 28.06.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Еуросупер БС-95 – 77,50 (денари/литар);
Еуросупер БС-98 – 79,50 (денари/литар);
Eуродизел – 70,50 (денари/литар);
Екстра лесно масло за домаќинство – 72,00 (денари/литар);
Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе