Вести Економија Свет

ФЕД сигнализира можни намалувања на каматните стапки

Волстрит заврши со тргување без големи промени откако Федералните резерви на САД најавија дека е можно до крајот на годинава да ги намалат каматните стапки дури двапати, доколку условите во економијата тоа го дозволат.

Претседателот на ФЕД, Џером Пауел, изјави дека централната банка внимателно ги следи ефектите од новите царини и трговски предизвици пред да донесе конечна одлука за монетарната политика. „Сѐ уште има неизвесност, но подготвени сме за дејствување доколку инфлацијата се движи во очекуваните рамки“, рече тој.

Меѓувреме, инвеститорите продолжуваат да бидат претпазливи, особено поради растечките тензии меѓу Израел и Иран, што дополнително влијае врз нестабилноста на пазарот на енергенси. Цената на нафтата денес повторно осцилираше, во услови на геополитичка неизвесност. Соочени со мешани економски сигнали, аналитичарите велат дека пазарите ќе продолжат со нестабилно движење додека не стане појасна стратегијата на ФЕД за остатокот од 2025 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Очекуваме експерт за ампутации од Словенија за повредените во Кочани

Дејан Дејан

Израел и Иран ги интензивираа меѓусебните напади

Дејан Дејан

Ги имало многу, материјалните трошоци се зголемиле, а 27 години работеле со фиксни тарифи – нотарите бараат покачување на цената за основните заверки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе