Вести Економија Топ вести

Скокна инфлацијата – поскапа храна, пиајалаци, потстрижување, но и лекување во бања

Кафето и чајот стануваат луксуз. За една година поскапеле близу 30 отсто, пресмета статистика.  Но, и потстрижувањето се повеќе удира по џебот. Инфлацијата скокна. Статистика измери во мај годинава во однос на мај лани е зголемена за 3, 3 отсто. Продолжува растот на цените кај овошјето и зеленчукот, а за една година скок од речиси 17 отсто има кај безалкохолните пијалаци.

 

Сериозно  поскапување за една година е забележано и кај помошните медицински услуги. За 26 отсто скокнале цените за бањско лекување, домашна лекарска посета и на систематските прегледи. Поскапување има кај услугите за рекреација и за култура, а се повисоки цени има и во ресторанските менија и сместувачките капацитети.

 Од оние неколку работи кај кои нема поскапување се транспортот, но и осигурувањето.

И покрај ваквиот скок на инфлацијата министерот Дирмиши вели дека немало драстично зголемување на цените.  Така го информирале колегите од пазарна.

  • Од тоа што имам јас како  информација од инспекторатот немаме драстично зголемување на цените на основните прехрамбени производи, таму каде што е интересот на граѓаните но подетално утре ќе бидеме известени  и извештајот ќе биде достапен и за граѓаните и за медиумите, вели министерот за економија Бесар Дурмиши

Од пазарна за Телма велат дека анализите се готови. За период од еден месец направиле проверки во над 1.000 продажни места. Забележале одредени покачување ,но тврдат имало и намалување на цените на зеленчукот и овошјето односно кај сезонските производи.

И новиот гувернер Славевски кога стапи на функција кажа дека земјава мора да ја следи инфлацијата во ЕУ каде последните бројки покажуваат дека е околу 2 отсто. Инаку,  владините проекции се дека годинава ќе се заврши со стапка на инфлација од 2, 5 проценти.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе