Вести Економија Топ вести

Опаѓа бројот на нарачки во македонските конфекции

Немањето на работна сила, како и високите трошоци на домашниот пазар, се причини поради кои македонската текстилната индустрија станува некункорентна. Ангел Димитров од Организација на работодавачи вели текстилни конфекции се соочуваат со недостиг на порачки од страна на традиционалните германски партнери.

Конфекции работат на помали налози, во кои има по стотина парчиња, бидејќи нарачки кои поради малиот обем конфекциите од Бангладеш, не ги прифаќаат.

Цените на нашите услуги, за она што го работиме  надвор не растат како што нагло порасна и минималната плата, која е 58% од просечната и тоа голем дел од конфекциите ги направи нерентабилни. Она што сега работиме се ситни налози, изјави Димитров.

Во текстилниот сектор максималниот број на вработени достигнуваше и до 65.000, но во моментов во него работат 25.000 со тенденција да се намали за уште 5.000 работници.

Според Димитров бројот на вработени во овој сектор се намалува не само поради тоа што нема работа, туку и поради фактот што младите не сакаат да шијат во фабриките.

Едно од решенијата, за кои ќе се залагаат работодавачите е на првата седница на Економскиот социјален совет да побараат подобрување на Законот за работно ангажирање, со што какошто вели Димитров пензионерите нема да имат годишно ограничување  од максимум 180  работни дена.

Ние предлагаме за пензионерите кога ќе работат да нема ограничување годишно. Ако пензионерот, сака да работи може да работи на 4 или 8часа и тоа е во ред. Но, зошто да му се ограничува времето ? Зошто да му се ограничи работата на 3 месеци, а он сака и понатаму да работи? Со тоа пак ќе го тераме да работи во сива економија, на црно . Како и сега што работат сите пензионери на црно, рече Димитров.

Лани извозот на текстилната и кожарската индустрија изнесува 518.5 милиони долари и е 6,15% од вкупниот извоз на државата, со околу 93% е лон производството.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запалени автомобилите на адвокатот Алиспахиќ

Дејан Дејан

Поради погрешен матичен број на полицаец вратен на работа со судска одлука- „застана“ здравственото осигурување на сите вработени во МВР

Дејан Дејан

ЦУК: Попладнево активни се три пожари во државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе