Вести Македонија

Пред зграда во Чаир, Данела Арсовска го обвини градоначалникот на Чаир за закани, фалсификат и криминална легализација на дивоградби- Висар Ганиу пред влада на промоција за е-возила

Нова посета на општина Чаир направи скопската градоначалничка Данела Арсовска која го обвини градоначалникот на Чаир Висар Ганиу дека и се заканувал, но и дека општината поднесувала фалсификат документи за противзаконска легализација на станови во зграда дивоградба.

Арсовска повторно, „посетата“ на Чаир ја пренесуваше во живо на социјалните мрежи и го обвинуваше Ганиу за криминал, со повици да дојде на лице место и во очи да и се закани, но и да се соочи со дивоградбите.

-Висар Ганиу да дојде на главна каса, велеше Арсовска.

Таа тврдеше дека од десет општини, единствено во Чаир имало обиди да се легализираат станови во дивоизградени станбени згради кои се правени после 2011-та година која што е крајна година за изградба на дивоградби за кои се бара легализација. Денеска таа кажа дека иако е пријавено дека станот е изграден пред 2011-та, сградата се уште се гради. Беше утврдено и дека целиот станбен објект е приклучен на диво на електричната мрежа, а се вршеа и проверки како е вклуечна на водоводната мрежа.

-Јас за три години сум открила и спречила легализација на 150 дивоградби во општина Чаир, а сега се појавувам во живо поради заканите што ми ги упатува, тврдеше Арсовска на видеото откако ја прашаа зошто се криела цел мандат.

Според скопската градоначалничка, иако одбиена од град Скопје, легализацијата на стан од 89 квадрати во зградата на Џон Кендеи била реализирана во катастар со фалсификувани документи кои ги покажа држејќи ги со розе излакирани нокти. Дел од земјиштето на кои е дивоградбата и припаќа на државата.

Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу претходно беше на промоција на еколошки проект пред влдата кога беше претставен проектот за евтино изнајмување на електрични возила низ повеќе скопски општини. Иако беше прашан, Ганиу како и останатите градоначалниците не се соочија со новинарски прашања.

Ова е четврто видео на Арсовска, претходно снимаше две дивоградби во Чаир, па сепарација на Вардар во општина Аеродром и тврдеше дека имала закани за кои треба да реагира полицијата.

Министерот Панче Тошковски на прашањето за заканите кои ги спомнува Арсовска и за полициско непостапување вчера изјави дека добро е што се разбудила од зимски сон.

Можеби доставила кривични пријави, можеби не. Добро е што градоначалничката на Скопје после четири години реши да се разбуди од зимски сон, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за време на посетата на полициската станица во Жеровјане во Општина Брвеница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ излезе со листа на кандидати за 25 општини – за Град Скопје се уште мистерија

Дејан Дејан

Русија со нов меморандум подготвена за преговори со Украина

Дејан Дејан

Димовски: Не би сакал за секоја посета на европски високи официјални лица нас да не фаќа еуфорија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе