Поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, при поизразени неповолни ризици, особено од надворешното окружување. На редовна седница на Извршниот одбор на НБРМ за поставеноста на монетарната политика донесена одлука каматната стапка на благајничките записи да остане непроменета на нивото од 5,35%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 3,95% и 4%, соодветно.
Дополнително на седницата било оценето дека тековната Понуда на благајничките записи на редовната аукција ќе биде исто така непроменета, односно ќе изнесува 10 милијарди денари.
Со ваквата одлука се задржува внимателниот карактер на монетарната политика, велат од НБРМ.
Од таму додаваат дека со целокупниот сет мерки, односно со сегашното ниво на каматните стапки, досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки, ќе се придонесе за ценовна стабилност на среден рок и за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото.
Европската централна банка, на последната седница во април донесе одлука за намалување на каматните стапки за 0,25 процентни поени.