Вести Македонија

Не знаете како ми е мене, многу од нив беа мои пријатели кои на раце ги вадев, вели осомничен припадник на обезбедувањето на дискотеката во Кочани

Јас ги спасив сите што можев и многу ми е криво за сите што не можев да ги спасам, рече еден од членовите на обезбедувањето во ноќниот клуб Пулс кој сега е меѓу осомничените на Обвинителството.

Во голема болка и тага сум, изразувам сочувство до семејствата на починатите, од кои голем дел беа мои пријатели и кои со сопствени раце ги вадев. Не знаете како ми е, рече осомничениот Столе Боев додека полицијата го спроведуваше од кочанското обвинителство.

Смета дека гневот на јавноста не е насочен кон дел од осомничените.

Гневот не е кон нас, луѓето што протестираат се на наша страна, бараат правда за нас, слобода. Како херои. Ние успеавме сѐ да направиме. Јас сум дел од обезбедувањето кое успеа да ги извади сите сега што се преживеани, рече Боев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе