Владата на денешната седница која ќе се оддржи во 16 часот ќе донесе одлука за 7 дневна жалост поради трагедијата во Кочани.
Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани приредувачи на забави.
Бројот на загинати лица во пожарот во дискотеката во Кочани досега е 59 лица. Меѓу загинатите има и полицаец од Пробиштип кој вечерта бил на должност во дискотеката, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. За четири лица распишана е потерница, а колку лица досега се приведени Тошковски не кажа.
