Спорт Формула 1

„Еден-два“ на Мекларен во квалификациите за ГН на Австралија

Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата за првата сезонска трка во Формула 1 шампионатот што утре се вози за Големата награда на Австралија. Мекларен денеска беше пребрз за конкуренцијата, бидејќи покрај Норис во првиот стартен ред е неговиот тимски колега Оскар Пиастри.

Норис имаше најбрз круг со време од 1 минута, 15 секунди и 96 илјадитинки. Пиастри беше втор, а трето место во квалификациите освои светскиот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул.

Џорџ Расел ќе стартува како четврти, а зад него се Јуки Цунода, Александер Албон, па потоа следуваат двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Најдобрите десетмина ги комплетираат Пјер Гасли и Карлос Сајнц.

Трката на патеката „Мелбурн Парк“ утре стартува во 5 часот наутро по средноевропско време.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе