Спорт Фудбал

ФОТО галерија: Футсал репрезентацијата на Македонија поразена од Холандија

Македонската футсал репрезентација со пораз ги заврши настапите на домашен терен во квалификациите за Европското првенство.

Нашата селекција во дуелот против Холандија е совладана со 3:0. По првите дваесет минути мрежите мируваа на двете страни, а потоа во 24-тата, Флорис Кемпс им донесе предност на гостите од 1:0.

Само шеесетина секунди подоцна Џордани Мартинус зголеми на 2:0, а истиот играч го постави и конечниот резултат.

Во последното коло Македонија и гостува на репрезентацијата на Андора.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Родриго повеќе не сака да игра за Реал Мадрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе