Во првиот натпревар од 21. коло во Првата македонска фудбалска лига, Вардар и Беса играа без голови.
Црвено-црните доминираа во текот на сите 90 минути, создадоа неколку можности за погодок, но сепак не успеаа да го совладаат голманот Костадин Захов.
По освоениот бод на домашен терен, Вардар остана на деветтата позиција со 17 бода два повеќе од трите последопласирани Тиквеш, Беса и Воска Спорт.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.