Ракомет Спорт

РФМ ги одреди цените на билетите за дуелот со Словенија

Македонската ракометна репрезентација на 12-ти март во Скопје ќе ја пречека Словенија во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство, а федерацијата одреди симболични цени за билетите за натпреварот.

Продажбата на билетите за дуелот, што се игра во арената „Борис Трајковски“, стартува на 3.март, понеделник, од 12 часот. Цените се 200 и 300 денари, а навивачите ќе можат да купат онлајн преку продажната мрежа на МК Тикетс, но и на неколку локации низ Скопје меѓу кои и на три бензиски на Макпетрол во Козле, Влае и на булеварот Илинден. Надвор од главниот град билети можат да се купат и во Велес, Куманово, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Струмица и Штип.

Македонија во евроквалификациите по двете одиграни кола има победа против Естонија на домашен терен и неочекуван пораз од Литванија на гости. Македонија ќе ја пречека Словенија на 12-ти март, а четири дена подоцна ќе гостува во Копер кај истиот ривал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Струга стои на патот на Вардар кон првиот Куп-трофеј по 18 години

Дејан Дејан

Оклахома убедлива на првиот натпревар со Минесота во финалето на Западот (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе